Ракометарите на Охрид пред своите навивачи вечерва славеа победа од 28:19 над тимот на Пролет.
Еден од подобрите играчи кај охриѓани, Стефан Дрогришки, изјави дека цела недела се подготвувале за дуелот, а клучно за победата била добрата игра во одбраната.
„Ние ја почитуваме екипата на Пролет, која игра добар ракомет и има доста талентирани играчи. Можеби направија неколку измени, меѓутоа во првенството покажаа дека не се екипа за потценување. Нашиот сериозен пристап и залагање мислам дека го дадоа резултатот. На крајот можеби изгледаше како лесна победа, но ние знаеме како ја остваривме. Нашата борба допрва продолжува, ние имаме уште два натпревари, ќе се потрудиме и ќе дадеме се од себе за да ја оствариме нашата цел за оваа сезона“, изјави Дрогришки.
Во претпоследното коло, кое на програмата е за две недели, поради обврските во Купот на Македонија, Охрид во спортската сала „Билјанини извори“ го пречекува Еурофарм Пелистер.
Охрид го совлада Пролет и останува во игра за излез на европска сцена