Драма во Струга – За 20 секунди и двете екипи испуштија победа (ВИДЕО)

Тимовите на Струга и Еурофарм Пелистер 2 одиграа интересен натпревар кој заврши со нерешени 30:30. Имаше многу интересни потези и постојано менување во водство на двете страни, но последните дваесетина секунди беа исто така возбудливи. И едниот и другиот тим имаа шанса да победат, но голманите беа на ниво на задачата и спречија погодок за победа. Колку беше интересно можете да погледнете во видеото.