Арената во Загреб, во која машката сениорска репрезентација на Македонија настапи на ЕП 2018 година и во која тимот на Загреб ги игра домашните натпревари од Лигата на шампионите, стана болница за пациенти заразени од коронавирус.
Оваа арена привремено ја менува намената и ќе помогне во борбата против коронавирусот. Хрватските медиуми објавија дека Арена веќе се подготвува со сместувачки капацитет за заразени пациенти што имаат полесна клиничка слика и на кои нема да им биде потребен строг надзор.
Сликите од преуредувањето на оваа арена уште повеќе го исплаши населението, бидејќи Хрватска се подготвува за најжестокиот бран од коронавирусот, иако земјата засега е во нискоризични земји.
Одлуката најголемата спортска арена во Хрватска да стане импровизирана болница е со цел здравствениот систем да може да го издржи хаосот со коронавирусот, иако сите се надеваат дека нема да биде искористена и нема пандемијата да земе таков замав, како во поголемите европски земји.
Arena Zagreb, pripreme za lakše oboljele od #coronavirusa
[#ekskluzivno] Uživo iz Zagreba, Arena Zagreb, pripreme za lakše oboljele od #coronavirusa. PROŠLI VIDEO SMO OBRISALI KAKO RADNICI NE BI IMALI PROBLEMA ZBOG SNIMANJA. Više informacija na linku: https://tinyurl.com/arenazagreb
Публикувахте от Zdravlje iz prirode в Петък, 20 март 2020 г.