Селекторот на Данска, Николај Јакобсен за првиот дуел на Светското првенство 2023 ќе може да смета на членот на Фленсбург, Мадс Менса Ларсен.
Средниот бек, кој е еден од клучните играчи во данската репрезентација, на второто тестирање на Ковид 19 доби негативен тест.
За потсетување, искусниот ракометар пред неколку дена беше позитивен на првото тестирање на Ковид 19.
Репрезентацијата на Данска првиот натпревар на Светското првенство го игра на 13. јануари против репрезентацијата на Белгија.
Актуелниот светски шампион ќе игра и со репрезентациите на Бахреин и Тунис во рамки од групата Х.
Еден од најдобрите ракометари на Данска е позитивен на Ковид 19