Македонскиот чувар на мрежата Даниел Ѓорѓески и во следната сезона ќе настапува во унгарскиот шампионат.
Тој ова лето го започна првиот интернационален предизвик во Будакалаш и остави одличен впечаток.
Одличните партии беа повод за раководството на унгарскиот тим да му понуди продолжување на соработката.
Ѓорѓески ја прифати понудата за нов договор и ќе остане во Будакалаш и во наредната сезона.
Будакалаш во првенството се наоѓа на делба на петтото место со Татабања и НЕКА со 12 бодови, но ниту третопласираниот Балатонфуреди со 17 бода не е недостижен.