Како што објави официјалниот сајт на Веспрем, 19 годишниот десен бек Лев Зухарев наредната сезона ќе биде испратен на позајмица во клубот Егер.
Договорот со Егер е постигнат за позајмица во траење од една година. Веспрем го прави овој чекор за младиот ракометар да има повеќе простор за игра и напредок бидејќи во Веспрем има голема конкуренција.
Во текот на сезонава играчите на Веспрем кои играат на десната бековска позиција имаа многу проблеми со повредите и тој запиша 15 настапи. Меѓу нив три беа во СЕХА лигата, а Зухарев има и настап во Лигата на шампионите на гостувањето кај Спортинг минатата сезона.
Во следната сезона во Веспрем бековското трио на десната страна ќе го сочинуваат Хорхе Македа, Кент Робин Тонесен и Омар Јахија.