Женската репрезентација на Србија во продолжение на Европското првенство ќе мора да настапува без средниот бек Андреа Лекиќ.
Првичните прогнози дека екс ракометарката на Вардар ја повреди Ахиловата тетива, се остварија и таа ќе мора на долга пауза. Таа беше изнесена на носилки од салата во Колдинг и заврши во болница.
Лекиќ на две минути до крајот на првиот дел од средбата со Холандија, при еден напад се повреди во обид да упати шут кон голот на ривалот.
Селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ, остана само со Кристина Лишчевиќ на средната бековска позиција, но веројатно ќе комбинира и со некоја од триото Стојиљковиќ, Јововиќ или Трифуновиќ.
По пресврт победата над Холандија, Србија ќе се сретне денеска со Унгарија, а за два дена игра со соседот Хрватска.
Голем пресврт во Колдинг – светскиот првак Холандија на колена пред Србинките!
Нов хендикеп за Србија: Лекиќ заврши во болница во Колдинг! (ФОТО)