Динамо Букурешт доби покана да биде дел од СЕХА лигата!

Раководството на регионалната СЕХА лига веројатно планира ново проширување и зголемување на бројот на екипите учесници.

Пред неколку дена вице-претседателот на лигата, Борис Сапожњиков најави дека се разговара за влез на каталонскиот гигант Барселона, потоа на екипи од Казахстан и Грузија, како и на некоја екипа од Јужна Кореја што ќе има седиште во Европа.

Најави и дека се разговара на словенечките екипи Целје и Горење, кои имаат проблеми со нивната федерација, а скоро сигурно е дека во следната година, Романија повторно ќе има претставник во СЕХА лигата.

По неуспешниот настап пред две години на Стеауа, нов тим што ќе биде дел од СЕХА е шампионот Динамо Букурешт. Од овој клуб потврдија дека добиле покана за учество.

„Добивме покана за учество во СЕХА лигата и ние ќе играме таму, ќе ни биде чест да го претставуваме романскиот ракомет“, изјави Даниел Георгеску.

Ако се зголеми бројот на учесници и биде поголем од 12 веројатно раководството на СЕХА ќе размислува за варијанта четири групи по четири екипи.