Димовски: Ако овој меч им донесе среќа на момците во Краков, тогаш нека прерасне во традиција

Кружниот напаѓач Ванчо Димовски беше дел од македонската репрезентација на многу големи натпреварувања, а на 3 јануари ќе има можност да биде поздравен од публиката за тоа што го даде за Македонија во дресот со националниот грб.

Тој вели дека овој настан би можел да прерасне во традиција ако им донесе среќа на актуелните репрезентативци пред настапот на СП во Полска и Шведска.

„Јас после долго време сум од оваа страна. Ме радува настанот како настан, тоа што после долги години ќе се собереме сите на едно место. Сите индивидуално се подготвуваат, се надевам дека ќе се видиме до 3 јануари и ќе дадеме достоен отпор. Ние ќе имаме чест да ја отвориме 2023 година со ревијален натпревар и ако тоа им донесе среќа во Краков на репрезентативците, тогаш нека премине во традиција“, вели Димовски.

Натпреварот меѓу поранешните и актуелните репрезентативци ќе се одигра на 3 јануари од 19:00 часот, а на клупата на ветераните ќе бидат Звонко Шундовски и Илија Темелковски.

Стоилов се пошегува: Се надевам нема да има повреди кај оние што не играле со години

Мукаетов: Овие момци заслужуваат многу повеќе, секогаш со полно срце играа за Македонија!