Екипата на Металург дојде до еден поен на натпреварот против Фиверс во Лигата на Европа откако ремизираа со 33:33.
Во натпревар со пресврти на крајот ова беше резултат од кој и двете екипи можат да бидат задоволни.
„Бод си е бод. Можеше да се случи сè, можевме да дојдеме и до победа, но и да загубиме. Јас сум горд на моите момци за она што го прикажаа на теренот. Тие го одржаа своето ветување дека на овој натпревар ќе го дадат својот максимум. Имавме карантин, збиен распоред и ова ни беше навистина дополнителен напор. Оттаму и дојдоа осцилациите во играта. Успеавме да се вратиме иако имавме негатива и од пет гола, па да дојдеме и до еден поен кој е значаен за нас“, коментираше тренерот Оливер Димитриоски на крајот од натпреварот.
Следниот натпревар за Металург е веќе утре против тимот на Младост Богданци во Супер машката лига, а во Лигата на Европа следниот дуел е во февруари.