Дибиров по долго време се врати дома – за Нова Година и Божиќ во Русија (ФОТО)

Тимур Дибиров по подолго време се врати во татковината, но празниците ќе ги помине во семејна атмосфера.

За разлика од досегашните години, кога најчесто јануари му беше резервиран за репрезентативни настапи, сега нема да биде така.

Минатата година за празниците со семејството беше во Скопје, додека во текот на летото поради коронавирусот исто така не успеа да се врати во татковината.

Денеска на социјалните мрежи Дибиров објави фотографија од прошетката во најпопуларниот трговски центар во Москва, ГУМ, кој се наоѓа на Црвен плоштад.