Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров кој постигна 33 гола во првите пет кола од Лигата на шампионите е втор стрелец во натпреварувањето. Тој ја дели втората позиција со Бартолд од Алборг, а лидер на листата е Јакобсен од ГОГ со само еден гол повеќе.
Во првите пет се најде уште еден играч на претставниците од Македонија, тоа е Владислав Остроушко кој за Еурофарм Работник постигна 32 гола, а тоа е доволно за четвртата позиција.
Во ТОП 5о се најдоа уште двајца вардарци, Кристопанс е на делба на 18. позиција со постигнати 24 погодоци. Иван Чупиќ со 20 погодоци го дели 44. место. Во продолжение листата на ТОП 10 стрелци во Лигата на шампионите по одиграни пет кола.