Ракометарот кој е капитен на Вардар додека Стојанче Стоилов е отсутен, Тимур Дибиров пред натпреварот против Кил на кој ќе се види до каде е стигната формата на ракометарите после малата пауза пред дуелот против „зебрите“
„Среќен сум што дојде време за ваков натпревар. Повеќе се плашам кога играме со екипи на пониско ниво бидејќи тогаш има нешто што недостига и има работи кои може да не ги направиме. Може да недостига мотивација на пример. Сепак, кога доаѓа екипа како што е Кил тогаш сме среќни и има право да излезам со такво расположение. Во ваков меч може да се случи сè. Ние сме подотвени, а на Кил останува да покажат кои се. Ние знаеме кои сме и знам дека ова ќе биде уживање за сите навивачи и професионалци во нашиот спорт, како и за сите експерти. Возбудени сме и очекуваме на овој натпревар да покажеме кој е кој на терените“, коментираше Дибиров.
Тој имаше интересна изјава и во однос на играта во последните години, како и на титулите кои ги имаат освоено.
„Успеавме во последните три години да дојдеме до две титули. Имаме за право сега и да се правиме малку и фраери. Ако не се правиме сега фраери после овие три години и две освоени титули тогаш кога“, во шега изјави Дибиров.