Дејвис го врати победничкиот шарм на Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар 1961 – Елверум

Ракометарите на Вардар со победа го завршија настапот во групната фаза од најелитното европско натпреварување, откако на домашен терен славеа над Елверум со 39-30. Овој натпревар за македонскиот првак има ревијален карактер, бидејќи од претходно го обезбеди местото во осминафиналето во Лигата на шампионите. Следен предизвик за Вардар ќе биде осминафиналниот двомеч со унгарскиот гигант Веспрем.