Десподовска се најде во идеалниот тим на колото во Полска

По одличната партија против Галичанка Лвов, македонската интернационалка Зорица Десподовска се најде во идеалниот тим на колото во полскиот шампионат.

Членката на Кобержице, беше најдобар стрелец во победата на нејзиниот тим против Галичанка Лвов со 30-27.

Македонската ракометарка која има и полски пасош, успеа да постигне десет погодоци против украинскиот тим што игра во полскиот шампионат.

Следен предизвик за Кобержице и Десподовска ќе биде тимот на Калиш на домашен терен претстојниот викенд.