Десподовска му носи победи на Кобержице

Македонската интернационалка Зорица Десподовска ја продолжува одличната форма во која настапува во полскиот шампионат.

Десподовска беше меѓу најзаслужните за победата на нејзиниот тим Кобержице со 30-29 над Јарослав во натпревар од 22 коло.

Левиот бек даде пет погодоци и беше прв стрелец на мечот со клубот што го елиминираше Ѓорче Петров од Европскиот Куп.

Кобержице сега има 49 бода на третото место, додека вториот Лублин има 51 бод, и се наоѓа само на чекор до потврда на местото во Лигата на Европа за следната сезона.

Следниот предизвик за Десподовска и Кобержице ќе им биде токму тимот на Лублин на 14 април.