Македонската ракометарка Зорица Десподовска игра во одлична форма сезонава во Полска во тимот на Кобержице.
Откако после одличниот натпревар против Лублин се најде во изборот за играч на колото, сега пристигна и уште едно признание за нејзините одлични настапи. Десподовска влезе во конкуренција за избор на играч на месецот во Полската Суперлига.
За наградата играч на месецот Десподовска ќе се бори со Вероника Кордивецка и Магда Балсам. Гласањето ќе биде отворено до 09.05 (понеделник) до 13:00 часот. За Десподовска можете да гласате со реакција на објавената фотографија.