Деспина со пресврт ја совлада Гевгелија

Во првото коло од Женската лига, ракометарките на Гевгелија на свој терен пропуштија шанса да ги освојат првите бодови откако имаа добро прво полувреме.

Гевгелија претрпе пораз од екипата на Деспина со 26:29, иако по првиот дел имаа предност од 15:11 која не беше доволна за победа.

Поголемиот дел од првото полувреме се играше израмнето со менување на водството на екипите, сè до резултат 8:9. Од тогаш започна серијата на Гевгелија од 4:0 со која го направија првото поголемо водство кое на полувреме беше 15:11.

Второто полувреме подобро го зпочнаа ракометарките на Деспина, Гевгелија лесно дозволи да биде достигната нивната предност и гостинските повторно да го диктираат резултатот. Деспина со шест последователни гола поведе со 20:18 што до крајот од мечот се покажа како недистижно за домашниот тим.

Најефикасна во екипата на Гевгелија беше Драгица Митрова со осум гола, а Емилија Јовеска постигна седум. Во победничката екипа најмногу се истакна Мери Конеска со девет гола, шест постигна Ангела Камческа, а пет пати погоди Тамара Седлоска.