На три кола до крајот од регуларниот дел од сезоната во Лигата на Европа, дури десет екипи веќе го заверија пласманот во осминафиналето каде што остануваат слободни уште шест места. Сепак, групата каде што е Еурофарм Пелистер засега е во најкомлицирана ситуација бидејќи таму само Ним е пласиран во следната фаза.
Според она што беше направено вчера во рамки на 7. коло од Лигата на Европа сосема извесно е дека во елиминациите се пласираа тимовите на Магдебург, Фуксе Берлин, Лемго (Германија), Ним, Нант (Франција), ГОГ (Данска), Нексе (Хрватска), Висла Плоцк (Полска), Бенфика (Португалија) и Савехоф (Шведска).
Со оглед на тоа што во Групата Д каде што е тимот на Еурофарм Пелистер разликата од 2. до 6. место е четири поени сосема извесно е дека ќе мора да се обезбедат уште најмалку три бода од последните три средби за да може да се обезбеди место во елиминациите.
Сосема јасно е дека ќе биде возбудливо, а Еурофарм Пелистер ќе игра дома против Кадетен Шафхаузен (22 февруари), на гости против Татабања (1 март) и дома против Аек (8 март). Шансите се огромни, но ќе мора да се одработи најдобро што може и да се освојат потребните бодови за да се влезе во групата од 16 екипи кои ќе продолжат со разигрувањето за титулата.
ЛИГА НА ЕВРОПА
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО
ГРУПА А
ТУЛУЗ – ФУКСЕ БЕРЛИН 28:27 (16:13)
ВИСЛА ПЛОЦК – ФАДИ ВИНТЕРТУР 35:27 (16:9)
БИДАСОА ИРУН – ТАТРАН ПРЕШОВ 33:24 (16:11)
ТАБЕЛА
ГРУПА Б
ГОГ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ 27:26 (15:14)
БЕНФИКА – ЛЕМГО 35:30 (15:15)
НАНТ – РИХИМАЕН КОКС 36:25 (17:12)
ТАБЕЛА
ГРУПА Ц
МАГДЕБУРГ – ГОРЕЊЕ 34:24 (20:12)
ЛА РИОХА – САВЕХОФ 29:30 (12:16)
НЕКСЕ – ЕКС АН ПРОВАНС 33:29 (17:12)
ТАБЕЛА
ГРУПА Д
НИМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25:23 (13:12)
ТАТАБАЊА – АЕК 25:24 (12:12)
КАДЕТЕН – СПОРТИНГ 26:24 (10:11)
ТАБЕЛА