Последното коло кое ќе биде формалност за екипите на Еурофарм Пелистер и Тиквеш ќе стави печат на една успешна сезона за двата клуба. После 18 години шампионската титула во ракомет се враќа во Битола. Затоа уште на час пред почетокот на дуелот меѓу овие две екипи Битола е зелена, атмосферата загреана, а навивачките грла подмачкани за она што следува во спортската сала „Боро Чурлевски“ и потоа…
Во Битола на титула
РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери, навивачи, Чкембари и сите искрени наши подржувачи, заеднички да ја прослават шампионската титула за сезоната 2022/23.
Шампионската прослава на плоштадот „Магнолија“ започнува од 20:00 часот и предвидени се богати забавни и музички содржини.
Ќе настапат Виктор Апостоловски и Димитар Андоновски, неколку битолски ди-џеи со свои сетови, ќе се појават и шампионите, а планиран е и спектакуларен огномет.