ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Старт на ЕХФ шампионатите, слободен ден за Македонија на ЕП

Денес ќе стартува ЕХФ шампионатот во младинска конкуренција на Косово, додека вториот ЕХФ шампионат, исто така за младинки, стартува на 10 јули.

На ЕХФ шампионатот во Косово учесници освен домаќинот ќе бидат репрезентациите на Словачка, Италија, Финска, Велика Британија, Австрија, Полска, Летонија и Израел.

Во Литванија учесници освен домаќинот ќе бидат уште Словенија, Естонија, БиХ, Шпанија, Фарски Острови, Турција и Бугарија.

Денес е слободен ден на Европското младинско првенство, на кое Македонија е еден од учесниците.

Македонската репрезентација во првото и второто коло беше поразена од Црна Гора, односно Данска, па така ракометарките на Јулијана Дамчевска утре против Чешка ќе атакуваат на првата победа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:15 ФИНСКА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

14:30 AВСТРИЈА – ЛЕТОНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

16:45 ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

19:30 СЛОВАЧКА – КОСОВО (ЕХФ ШАМПИОНАТ)