На денешната ракометна програма има само шест натпревари, од кои два се во Данска и Исланд.
Екипата на Алборг, која во претходното коло од плеј-офот во данскиот шампионат одигра само реми против Есбјерг, денес ќе се соочи со тимот на Колдинг.
Овие две екипи на 5 април имаа меѓусебен дуел од регуларниот дел од сезоната. Тогаш Алборг победи, но само со два гола разлика, 24:22, така што може да се очекува уште еден неизвесен дуел во борбата за првото место во А групата.
Освен во Данска и Исланд, денес ќе се игра во Полска и Турција. Свој настап ќе имаат двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, кои со Коњалти ќе го одиграат дерби дуелот со Јенимахал во шампионатот на Турција.
Овој натпревар ќе биде во рамките од последното коло од тамошниот шампионат, но без разлика на исходот, тимот на Коњалти останува на 2. позиција, со што уште еднаш ќе обезбеди настап на европска сцена.
За потсетување, Коњалти во оваа сезона направи голем успех во Европа и се пласираше во финалето од Европскиот Куп.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 КОЊАЛТИ – ЈЕНИМАХАЛ (ТУРЦИЈА)
19:00 ГЛИВИЦЕ – КАЛИШ (ПОЛСКА)
19:00 АЛБОРГ – КОЛДИНГ (ДАНСКА)
19:30 СКЈЕРН – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
20:00 СТЈАРНАН – КА ТОР (ИСЛАНД)
22:00 ФРАМ – ХАУКАР (ИСЛАНД)