ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Новата ракометна година почнува од Данска

По два дена без ракометни натпревари, денеска ќе се одигра првиот во новата 2023 година.

Станува збор за мечот од женскиот шампионат на Данска меѓу екипите на Хорсенс и Виборг, кој е на програмата од 18:30 часот.

Некогашниот европски првак Виборг преживува тешки моменти и кризен период поради недостиг на финансии, па по европската елиминација, станува јасно дека не е конкурентен ниту во домашните натпреварувања.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:30 ХОРСЕНС – ВИБОРГ (ДАНСКА)