ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Започнува Ф4 во ЛШ кај дамите, Војводина по злато во Европскиот Куп!

Денес со натпреварот меѓу екипите на Ѓер и Вајперс Кристијансад ќе започне Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Традиционално, домаќин на завршницата кај дамите е унгарската престолнина Будимпешта.

Во трката за титулата се и екипите на Ференцварош и Есбјерг, екипи кои го сочинуваат второто полуфинале на Ф4 турнирот.

На годинешната завршница ќе настапат двете екс членки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ. Србинките се дел од екипата на Ференцварош, која откако е сменет форматот во ЛШ, направи историски успех.

Натпреварите ќе се играат во арената „МВМ Дом“ во Будимпешта и со оглед на тоа дека Унгарија има два претставници на завршниот турнир, се очекува огромна посетеност на натпреварите.

Српскиот шампион Војводина со почеток од 13:15 часот ќе го одигра реванш дуелот од финалето против Наербо во рамки од Европскиот Куп.

Ракометарите на Војводина на првиот дуел триумфираа со 30:23 и доколку денеска победат, или загубат со помалку од седум гола, тогаш клубот од Нови Сад ќе го освои првото место во третото по ранг европско натпреварување.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:30 КАСТАМОНУ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)

13:15 НАЕРБО – ВОЈВОДИНА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

15:15 ЃЕР – ВАЈПЕРС (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:00 ФТЦ – ЕСБЈЕРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:30 ВАЉАДОЛИД – ГРАЊОЛЕРС (ШПАНИЈА)

19:00 МАДЕИРА – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)

20:00 ВИСЛА ПЛОЦК – КЕЛЦЕ (ПОЛСКА)

20:15 МОНПЕЛЈЕ – ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА)