ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Започнува Ф4 во Купот, продолжува трката за титулата во Бундес лигата!

На денешната програма во Македонија ќе бидат одиграни полуфиналните натпревари од Купот во машка конкуренција.

Актуелниот бранител на титулата Вардар ќе се соочи со Алкалоид,, додека Еурофарм Пелистер за ривал го има тимот на Пролет.

Победниците од двата полуфинални дуели ќе играат во големото финале, кое е закажано за в сабота, со почеток од 18:00 часот.

Освен во Македонија, денес ќе се игра во неколку шампионите низ Европа, а најинтересно се очекува да биде во Бундес лигата.

Свој настап ќе има македонската репрезентативка Сара Ристовска, која со ЦСКА Москва ќе го играат реванш дуелот од четвртфиналето од рускиот шампионат. Московската екипа за ривал во четвртфиналето го има тимот на Ставропол.

ЦСКА Москва на првиот дуел, кој беше одигран на 6 мај, забележа убедлива победа со девет гола разлика, 39:30.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 AСТРАХАНОЧКА – ЗВЕНОГОРОД (РУСИЈА)

17:00 ТОЉАТИ – КРАСНОДАР (РУСИЈА)

17:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)

18:00 РОСТОВ – ДИНАМО (РУСИЈА)

18:15 ЛАРВИК – КРИСТИЈАНСАД (НОРВЕШКА)

18:15 КАДЕТЕН – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)

18:30 ЦСКА МОСКВА – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)

18:45 ВЕСПРЕМ – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:05 ФУКСЕ БЕРЛИН – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ГЕПИНГЕН – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 МИНДЕН – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ВЕЦЛАР – ВЕСТФАЛЕН (БУНДЕС ЛИГА)

19:30 ЦЕЛЈЕ – КРКА (СЛОВЕНИЈА)

19:30 ЛУЦЕРН – БЕРН (ШВАЈЦАРИЈА)

20:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА

20:45 ГОГ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

21:30 АФТУРЕЛДИНГ – ХАУКАР (ИСЛАНД)