Ракометарите на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес ќе ја стартуваат авантурата во новата сезона од СЕХА лигата.
Пелистерци за прв ривал од групната фаза го имаат незгодниот состав на Војводина, кој на денешниот дуел ќе атакува на втора победа.
Актуелниот шампион на Србија со победата против Нексе во првото коло покажа дека не е тим за потценување, па така избраниците на Ларс Валтер ќе треба да го дадат максимумот доколку посакуваат поволен резултат.
Еурофарм Пелистер освен со Војводина ќе игра и против екипата на Нексе во рамки од групата А. За потсетување, директно место во четвртфиналето од првата група има обезбедено унгарскиот гигант Веспрем.
Освен во СЕХА лигата, денес ќе се игра во шампионатите во Данска, Романија, Шведска и Русија. Дерби ќе има во романскиот шампионат каде што ќе се соочат екипите на ЧСМ Букурешт и Рапид Букурешт.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 ГАЛАТИ – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
15:30 АСТРАХАНОЧКА – ТОЉАТИ (РУСИЈА)
16:00 ЧСМ БУКУРЕШТ – РАПИД БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)
16:30 ДИНАМО СИНАРА – РОСТОВ (РУСИЈА)
18:00 ВОЈВОДИНА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СЕХА ЛИГА)
19:00 ВАБЕРГ – АМО (ШВЕДСКА)
19:00 ХАМАРБИ – ЛУГИ (ШВЕДСКА)
20:00 СКИВЕ – СКОВБАКЕН (ДАНСКА)