Ракометарите на Еурофарм Пелистер во ослабен состав денеска гостуваат во Франција каде што ќе ги одмерат силите со составот на Ним. Претставникот на Франција ќе биде сериозна задача за момците од Еурофарм Пелистер бидејќи ќе треба да одговорат на тешка задача и ќе мораат да се изборат за добар резултт доколку го сакаат првото место во Групата Д од Лигата на Европа.
Според ситуацијата на табелата тимот што ќе го добие овој дуел ќе биде поблизу до првото место во групата Д. Шанси постојат, но денеска Ним ќе влезе како фаворит за победа.
Инаку, вообичаено целото 7. коло се игра денеска, па ќе има доста интересни средби.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
18:00ч
ВАШАШ – ЃЕР (Унгарија 1, жени)
18:30ч
КОПЕНХАГЕН – РАНДЕРС (Данска 1, жени)
ХОЛСТЕБРО – ХЕРНИНГ ИКАСТ (Данска 1, жени)
18:45ч
НИМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Лига на Европа)
ГОГ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (Лига на Европа)
МАГДЕБУРГ – ГОРЕЊЕ (Лига на Европа)
НЕКСЕ – ЕКС АН ПРОВАНС (Лига на Европа)
ТАТАБАЊА – АЕК (Лига на Европа)
ТУЛУЗ – ФУКСЕ БЕРЛИН (Лига на Европа)
ВИСЛА ПЛОЦК – ФАДИ ВИНТЕРТУР (Лига на Европа)
19:00ч
КРИСТИЈАНШТАД – СКАРА (Шведска 1, жени)
КУНГАЛВС – САВЕХОФ (Шведска 1, жени)
19:30ч
ФОСЛАУЕР – АОН ФИВЕРС (Куп на Австрија)
20:00ч
БЈЕРИНГБРО СИЛКЕБОРГ – ХОЛСТЕБРО (Данска 1)
20:45ч
БЕНФИКА – ЛЕМГО (Лига на Европа)
БИДАСОА ИРУН – ТАТРАН ПРЕШОВ (Лига на Европа)
КАДЕТЕН – СПОРТИНГ (Лига на Европа)
ЛА РИОХА – САВЕХОФ (Лига на Европа)
НАНТ – РИХИМАЕН КОКС (Лига на Европа)