ДЕНЕСКА НА СП: Црна Гора по заверка на пласманот во следната фаза, Словенија ќе ја предизвика Франција!

Денеска на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска ќе стартуваат натпреварите од последното, трето коло, од групната фаза. Вкупно ќе бидат одиграни осум дуели.

Дел од репрезентациите, кои ќе играат денес, веќе имаат обезбедено место во следната фаза на Мундијалот. Репрезентацијата на Црна Гора, која во првото коло беше поразена од Шпанија, додека во второто коло славеше над Иран, силите ќе ги одмери со Чиле.

Се очекува избраниците на Зоран Рогановиќ со победа да го заверат пласманот во следната фаза, но и да пренесат два бода, со оглед на тоа дека во групата А се наоѓа и селекцијата на Иран.

Двете репрезентации кои во досегашниот тек од Мундијалот немаат пораз, Франција и Словенија, ќе се борат за првата позиција во групата Б. Селекцијата на Жијом Гил и Урош Зорман во двата воведни натпревари беа убедливи против Полска, односно Саудиска Арабија.

Домаќинот Полска вечерва со почеток од 20:30 часот ќе брка победа против Саудиска Арабија и пласман во следната фаза. На избраниците на Патрик Ромбел му одговара и нерешен резултат против азиската земја.

Покрај натпреварите на Светското првенство, денес ќе се игра во Русија каде свој настап со ЦСКА Москва ќе има репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска. Освен во Русија, суперлигашки натпревар ќе има и во турскиот шампионат.

ДЕНЕСКА НА СП:

18:00 БРАЗИЛ – ЗЕЛЕНОРТСКИТЕ ОСТРОВИ (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (1.20) Х (11.0) 2 (5.60)

18:00 ЦРНА ГОРА – ЧИЛЕ (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (1.12) Х (13.0) 2 (7.75)

18:00 ЈУЖНА КОРЕЈА – ИСЛАНД (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (16.0) Х (20.0) 2 (1.03)

18:00 СЛОВЕНИЈА – ФРАНЦИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (4.00) Х (8.50) 2 (1.35)

20:30 ИРАН – ШПАНИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (22.0) Х (25.0) 2 (1.01)

20:30 ПОЛСКА – САУДИСКА АРАБИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

20:30 ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (2.70) Х (8.00) 2 (1.65)

20:30 ШВЕДСКА – УРУГВАЈ (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 АНАДОЛУ УНИВЕРЗИТЕТ – ЈЕНИМАХАЛ (ТУРЦИЈА)

15:30 АСТРАХАНОЧКА – ЛАДА ТОЉАТИ (РУСИЈА)

16:00 АГУ АДИФ – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)

16:30 ДИНАМО СИНАРА – ИЖЕВСК (РУСИЈА)

17:00 КРАСНОДАР – РОСТОВ ДОН (РУСИЈА)

17:30 БАЛТИЧКА ЗОРА – ЛУЧ (РУСИЈА)

17:30 ЦСКА МОСКВА – ФЕНИКС (РУСИЈА)