Денеска ќе стартуваат натпреварите од главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска. Вкупно ќе бидат одиграни осум натпревари, по три дуели од првата и втората група, како и два дуели од ,,Президент Купот”.
Натпреварите од првата група ќе бидат отворени со дуел меѓу репрезентацијата на Иран и Словенија. Избраниците на Урош Зорман се големи фаворити во дуелот против селекцијата на Иран, која е предводена токму од екс селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ.
Селекцијата на Црна Гора денес ќе оди на мегдан со Франција и ќе има тешка задача да се избори за поволен резултат против актуелниот олимписки првак, додека Полска ќе ја предизвика Шпанија и ќе се обиде со поволен резултат да ги зголеми шансите за подобар пласман на Мундијалот.
Во втората група, селекцијата на Зеленортските Острови ќе се соочи со Исланд, кој во втората фаза пренесе два бода. Селекцијата на Португалија ќе атакува на победа во дуелот со Бразил, а Шведска за прв ривал во групната фаза ја има незгодната Унгарија.
Денеска освен на Мундијалот, ќе се игра и во шампионатите на неколку земји. Активни низ Европа ќе бидат дел од македонските интернационалци.
ДЕНЕСКА НА СП:
15:30 ИРАН – СЛОВЕНИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
15:30 ПОРТУГАЛИЈА – БРАЗИЛ (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
15:30 ЧИЛЕ – САУДИСКА АРАБИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 ЗЕЛЕНОРТСКИТЕ ОСТРОВИ – ИСЛАНД (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 УРУГВАЈ – ЈУЖНА КОРЕЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
20:30 ШПАНИЈА – ПОЛСКА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
20:30 ШВЕДСКА – УНГАРИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 КОЊАЛТИ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)
14:00 ГОРЕЛЕ – ИЗМИР (ТУРЦИЈА)
16:00 КАСТАМОНУ – ТЕКИРДАГ (ТУРЦИЈА)
17:00 ДУНАЈВАРОШ – ФТЦ (УНГАРИЈА)
18:00 БУДАРОШ – ШИОФОК (УНГАРИЈА)
18:00 МОШОНМАЃАРОВАР – ВАЦ (УНГАРИЈА)
18:30 ЕСБЈЕРГ – СОНДЕРЈКИСКЕ (ДАНСКА)
18:30 СИЛКЕБОРГ – ИКАСТ (ДАНСКА)
18:30 СКАНДЕБОРГ – ХОРСЕНС (ДАНСКА)
18:30 ВИБОРГ – АЈАКС (ДАНСКА)
19:00 РИНКОБИНГ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)
19:30 КОПЕНХАГЕН – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)
20:00 ДАЛМАТИНКА – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
20:00 МЕЦ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)
20:30 БРЕСТ БРЕТАЊ – ПАРИЗ (ФРАНЦИЈА)