Денеска на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска ќе се одиграат последните натпревари од третото коло од групната фаза, по што ќе бидат познати сите учесници во следната фаза на Мундијалот.
Репрезентацијата на Македонија својата шанса за пласман во следната фаза ќе ја бара во дуелот со незгодната репрезентација на Аргентина. На селекцијата од Јужна Америка на денешниот дуел и одговара и реми, па така избраниците на Кире Лазаров ќе треба да го дадат максимумот за победа.
Во групата Ф, во која се наоѓа и Македонија, во вечерниот термин од 20:30 часот ќе играат Холандија и Норвешка. Победникот од овој натпревар ќе се позиционира на првото место во споменатата група и ќе пренесе четири бода во следната фаза.
Доколку дуелот меѓу ,,лалињата” и ракометарите на Јонас Виле заврши без победник, тогаш Холандија и Норвешка во втората фаза ќе пренесат по три бода.
Дебитантот на Светското првенство, репрезентацијата на Белгија, која во второто коло направи сензација совладувајќи го Тунис со 31:29, во последното, трето коло, силите ќе ги одмери со Бахреин, кој во првото коло ремизираше против Тунис, додека во второто коло беше убедливо поразен од актуелниот светски шампион Данска.
ДЕНЕСКА НА СП:
18:00 АЛЖИР – ГЕРМАНИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
Моцарт коефициенти 1 (19.0) Х (23.0) 2 (1.02)
18:00 БЕЛГИЈА – БАХРЕИН (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
Моцарт коефициенти 1 (1.90) Х (8.00) 2 (2.20)
18:00 ЕГИПЕТ – САД (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 АРГЕНТИНА – МАКЕДОНИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
Моцарт коефициенти 1 (2.70) Х (8.00) 2 (1.65)
20:30 ХРВАТСКА – МАРОКО (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
20:30 КАТАР – СРБИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
Моцарт коефициенти 1 (4.00) Х (8.50) 2 (1.35)
20:30 ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
Моцарт коефициенти 1 (5.20) Х (11.0) 2 (1.22)
20:30 ТУНИС – ДАНСКА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)