Ракометарките на Металург се нови шампионки во женската младинска лига, откако славеа против Куманово со 26-16 во финалето од завршниот турнир.
Две од индивидуалните награди заминаа во Автокоманда. За МВП, односно најкорисен играч на турнирот е прогласена репрезентативката Ивана Арсениевска.
Најдобриот голман исто така доаѓа од Металург, а се работи за Анастасија Тодоров.
За најдобар стрелец беше прогласена Стефанија Ѓорѓиевска од тимот на Чаир, која постигна 22 погодоци на двете средби од завршниот турнир.