Тимовите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 од утре официјално ќе ги започнат подготовките за новата сезона.
На денешната прва средба во Битола ќе бидат присутни сите професионалци во првиот тим, со исклучок на Усама Хосни, кој има обврски кон националната репрезентација.
Првиот работен состанок и медицинските тестови се предвидени за в среда наутро, а првиот официјален тренинг ќе се одржи утре попладне од 16:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 своите подготовки ќе ги започне в среда од 18:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Двата тима ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на Европа, додека првиот тим ќе игра и во регионалната СЕХА лига.