Данците со свој камен по глава – Ја „одбраа“ Шпанија, таа ги остави без финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шпанија – Данска (Полуфинале на ЕП 2022)

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство. Со 29:25 дојде до победа против Данска со што и нанесе голем удар на селекцијата која бираше противник во полуфиналето. Данците загубија од Франција за да играат против Шпанија одбегнувајќи ја Шведска и оставајќи го Исланд без полуфинале, па очигледно правдата ги стигна светските шампиони и ќе мораат да играат само за бронзениот медал на ова првенство.