Репрезентацијата на Данска во големото финале на Светското првенство 2023 триумфираше против Франција, со резултат 34:29.
Данска со победата над ,,триколирите” стана единствената репрезентација, која третпат по ред го освојува светскиот шампионат, откако во 2021 и 2019 за златниот медал беше подобра од Шведска, односно Норвешка.
Сепак, Франција во историјата на Мундијалите има освоено најмногу медали, вклучувајќи ги и златните медали. Француската репрезентација, која последен пат златниот медал на Светското првенство го освои во 2017 година, заедно со Шведска имаат освоено вкупно 12 медали на големото натпреварување.
Франција има освоено шест златни медали, и поради тоа отскокнува во однос на Шведска, која заедно со Романија имаат по четири златни медали од Мундијалите, три има Данска, по два златни медали освоиле Германија, Русија и Шпанија, додека по еден златен медал освоиле Хрватска и тогашните репрезентации на Југославија, Западна Германија, СССР и Чехословачка.
Единствената селекција надвор од Европа која успеала да освои медал на Мундијалите е селекцијата на Катар. Шампионот на Азија во 2015 година кога беше домаќин на Мундијалот успеа да го освои сребрениот медал, откако во финалето загуби од селекцијата на Франција со 25:22.
Данска покажа моќ против Франција и ја грабна светската круна!