Данска за историја, од денеска на листата на вечните

Репрезентативеците на Данска со победата против Шведска денеска се најдоа на вечната листа и станаа четвртата земја на која и успеа да стигне до одбрана на круната.

Данците се практично шестиот состав кој успеа да го направи ова бидејќи претходно петпати се случи една земја двапати по ред да се избори за титулата.

Швеѓаните беа првите кои успеаја да стигнат до две титули по ред и тоа на вториот и третиот шампионат. Романците следуваа со трофеи во два наврати (61/64 и 70/74), а потоа и Французите (2009/11 и 2015/17).

Данците сега се приклучија на списокот бидејќи на последните два шампионати успеаја да го направат истото и да се најдат на тронот.

Инаку, со денешната победа селекцијата на Данска скокна на вечната листа каде што Франција е убедливо на врвот со шест златни трофеи и вкупно 11 медали од Мундијалите. Шведска е втора со 12 медали и има по четири златни, сребрени и бронзени медали. Пред Данска е уште Романија која ма четири титули од шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. Данска има две златни, три сребрени и еден бронзен медал.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ СВЕТСКИ ШАМПИОНИ

1938 – ГЕРМАНИЈА

1954 – ШВЕДСКА

1958 – ШВЕДСКА

1961 – РОМАНИЈА

1964 – РОМАНИЈА

1967 – ЧЕХОСЛОВАЧКА

1970 – РОМАНИЈА

1974 – РОМАНИЈА

1978 – ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА

1982 – СССР

1986 – ЈУГОСЛАВИЈА

1990 – ШВЕДСКА

1993 – РУСИЈА

1995 – ФРАНЦИЈА

1997 – РУСИЈА

1999 – ШВЕДСКА

2001 – ФРАНЦИЈА

2003 – ХРВАТСКА

2005 – ШПАНИЈА

2007 – ГЕРМАНИЈА

2009 – ФРАНЦИЈА

2011 – ФРАНЦИЈА

2013 – ШПАНИЈА

2015 – ФРАНЦИЈА

2017 – ФРАНЦИЈА

2019 – ДАНСКА

2021 – ДАНСКА