Откако пред неколку дена шпанскиот стратег Даниел Гордо доби отказ од египетскиот тим Ал Ахли, овој клуб донесе нов Шпанец на клупата.
Станува збор за екс стратегот на Вардар, Давид Дејвис, кој најверојатно нема да го води тимот на Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство, туку ќе го преземе по неговото завршување.
Асистент на Дејвис ќе му биде Хрватот Венио Лосерт, со кој заедно соработуваа во Вардар, како и во машката репрезентација на Египет.
Шпанскиот стратег освен во машкиот и женскиот клуб на Вардар, работеше во унгарскиот Веспрем, а покрај во селекцијата на „фараоните“ беше во стручниот штаб и на Русија.
Лани со Дејвис на клупата, Вардар освои двојна круна, во Суперлигата и во Купот на Македонија, но Шпанецот не ја продолжи соработката откако македонскиот шампион не доби место во Лигата на шампионите.