Тимот на ПАОК Солун, каде што играат двете македонски интернационалки – Сања Дабевска и Александра Боризовска, загуби минимално во вториот меч од полуфиналето на плеј-офот.
Ривалот на ПАОК, Пијала, славеше со 24-23, иако тимот од Солунд водеше на три минути до крајот со 23-21.
Сепак следуваше пресврт и сега ќе мора да има трет натпревар. Дабевска не се запиша во листата на стрелците, додека Боризовска даде два гола.
Третиот натпревар, односно мајсторката од полуфиналето ќе се игра утре и ќе го даде патникот во финалето од плеј-офот.
Противник во финалето на победникот ќе му биде Неа Јонија, каде игра екс вардарката Татјана Хмирова.