Најголемото засилување за шампионот Вардар, Едуардо Гурбиндо, денеска пристигна во Скопје.
Вардарци од денеска пак се во Струга, каде што вечерва ги очекува првиот натпревар на турнирот против домаќинот од 18:30.
Шпанскиот интернационалец веројатно ќе ги пропушти дуелите од групната фаза, но би можел да му биде на располагање на Веселин Вујовиќ за евентуалното финале в недела. Вардар во групата освен против Струга ќе игра и против составот на Бутел в сабота.
Гурбиндо имаше краток одмор по враќањето во Шпанија од Олимписките игри и освојувњето на бронзениот медал.