Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона од Суперлигата. Избраниците на Кристијан Грчевски ќе тренираат во Скопје следните три дена, пред на 8 август да заминат за Струга.
Таму покрај подготовките, ќе бидат дел и од Струшкиот турнир од 12 до 15 август, за кој дополнително ќе бидат познати групите и саатниците на натпреварите.
Со екипата тренираат сите нови ракометари кои беа ангажирани ова лето – голманот Градимир Чаневски, десните бекови Кристијан Давитковски и Денис Тот, левото крило Филип Фидановски, левиот бек Иван Андревски, како и плејмејкерот Саша Пулјизовиќ.
Амбициите на клубот се пласман во плеј-офот и место што води во европските купови.