Македонската интернационалка Симона Гроздановска повторно имаше одлична партија во шампионатот на Швајцарија.
Искусната ракометарка, која во последните две сезони е најдобар стрелец во Швајцарија, заедно со Винтертур славеа победа против Цуг со три гола разлика, 31:28.
Гроздановска беше предводник во победничката екипа, имаше девет гола од 11 обиди и покрај одлична игра во нападот, одигра на висина на задачата во одбраната.
Екипата на Винтертур моментално се наоѓа на 3. позиција на табелата со биланс од четири победи, едно реми и три порази.
Во следното коло тимот на Гроздановска ќе игра против Нотвил.