Македонската интернационалка Симона Гроздановска продолжува со одличните настапи низ Швајцарија.
Македонката, која во претходните две сезони беше најдобар стрелец во тамошниот шампионат, со екипата на Винтертур се пласираа во четвртфиналето во Купот на Швајцарија, откако во осминафиналниот дуел против Ивердон триумфираа со 39:23.
Гроздановска со десет погодоци ја предводеше победничката екипа до пласман меѓу најдобрите клубови во Швајцарија и покрај одлилчната реализација во нападите, одлично одигра и во одбраната.
Следен предизвик за Гроздановска и колешките ќе биде дерби дуелот против директниот конкурент за првото место во швајцарското првенство, тимот на Брул.