По еден од најдобрите стрелци во Асобал лигата, Виктор Алонсо, тимот на Беса Фамгас ангажираше уште еден ракометар пред стартот на новата сезона.
Косовскиот првак предводен од шпанскиот стратег Хавиер Кабањас, го донесе најдобриот грчки ракометар Харалампос Малиос.
Плејмејкерот доаѓа од тимот на Олимпијакос, а беше најзаслужен за триумфот на Грција во квалифиакцискиот дуел со Македонија пред две години во Кожани, кога даде осум гола.
Тој потекнува од Панелениос, играше и за Диомидис Аргус, пред да се пресели во Германија, каде што настапуваше за нисколигашки тимови како Спринге, Штралсундер и Дансенберг. Има играно и за турските Бурса и Батман Беледије.
Беса Фамгас оваа сезона иако имаше можност да се пријави во Лигата на Европа, сепак се реши да игра во најслабата конкуренција, ЕХФ Купот.