Го „удри“ ривалот во меѓуножјето – си доби и црвен и син картон! (ВИДЕО)

На дуелот од Бундес лигата меѓу Фуксе Берлин и Магдебург, судиите доделија и црвен и син картон. Во 54. минута од мечот, исландскиот среден бек Јанус Смарасон го „фаулираше“ во меѓуножјето десниот бек на Фуксе, Матијас Гидсел. Данецот падна како покосен на теренот, а судиите користеа ВАР систем. По прегледувањето на снимката, тие му доделија и црвен и син картон на Смарасон, а Магдебург загуби кај Фуксе Берлин. Погледнете...