Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски првите ракометни чекори ги прави во родната Битола и за себе вели дека е „дете на Пелистер“.
Пред да ја стартува интернационалната кариера последната сезона исто така ја мина дома, односно во Еурофарм, кога почнуваше да се гради амбициозниот проект кој го врати сјајот на битолскиот клуб.
„Убаво беше да се игра дома! Таа сезона беше навистина убава, игравме во ЕХФ купот, завршивме втори во првенството. Тоа беа почетоците на овој Еурофарм Пелистер кој го гледаме денеска и почнуваше да се чувствува дека се враќа стариот сјај на клубот. Секоја чест за Зоран Стерјев кој вложи многу во тој клуб во Битола и дај Боже во секој град да имаме по еден таков човек. Убаво завршува таа приказна. Паметам во ЕХФ куп игравме пред полна сала, убава атмосфера, кога играш дома емоциите се поинакви и сега кога ги следам натреварите на Пелистер желба ми е да играм во таква атмосфера. Сепак јас си имам зацртано каква сакам да ми биде кариерата. Мило ми е, се радувам на успехот на Пелистер и горд сум на него – сепак јас сум дете на Пелистер! Се надевам дека клубот ќе остане на ова високо ниво и еден ден ќе се вратам дома. Исто го мислам и за Металург, мене вратите таму не ми се затворени, а и никогаш не можеш да знаеш што ќе се случи по пет – десет години.“
Комплетното интервју со Филип Кузмановски прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ: Јас сум борец, сонувам да освојам медал со Македонија!