Тимот на Барселона сруши една непријатна традиција и успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, откако е воведен системот со завршен турнир. Во финалето кое беше решено по пенал-рулетот, каталонскиот гигант славеше против Келце, со резултат 37-35.
Одличен натпревар во дресот на Барселона одигра Алеиш Гомез, кој постигна девет погодоци, со што дојде до бројката од 104 гола во оваа сезона во Лигата на шампионите, доволно за да биде прогласен за најдобар стрелец во елитното клупско натпреварување.
Десното крило пред Ф4 тунрирот во Келн, зад своето име имаше постигнато 83 погодоци. Во полуфиналето, во кое Барселона го совлада Кил со четири гола разлика, 30:34, Гомез постигна 12 гола од 13 обиди.
Младиот ракометар беше избран и во ол-стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите како најдобро десно крило. МВП наградата заврши во рацете на кружниот напаѓач на Келце, Артем Каралек.
СПЕКТАКУЛАРНО ФИНАЛЕ: Барса во пенал-рулет го скрши Келце и остана на европскиот трон!