Голман „полуде“ по одбраната, па правеше салто на теренот (ВИДЕО)

Иако речиси сите национални шампионати низ светот се завршени, сепак, во Индија продолжува битката за титулата. Во рамки од едно од последните кола се случи интересен момент. Имено, голманот на Махараштра, Навин Дешвал ја крена публиката на нозе, откако по забележаната интервенција направи салто на теренот. Неговиот тим го победи Раџастан Патриотс и го заврши регуларниот дел од сезоната како лидер со 15 бодови остварени на 10 одиграни дуели.