Голем јубилеј: Легендарниот Крумболц по 500. пат ќе ја води Франција!

Полуфиналната средба од Европското првенство меѓу Франција и Норвешка ќе биде 500. на клупата на „триколорките“ за легендарниот Оливие Крумболц.

Тој ја презема селекцијата на 11 февруари 1998 година и оттгаш наваму со исклучок на периодот од 2013 до 2016 седи на клупата.

Со него на клупата Франција стана олимписки шампион во 2020 година, освои две светски круни 2013 и 2017, како и континентален собир во 2018 година на кој беа домаќини.

„Норвешка е опасен ривал. Иако понекогаш имаат проблеми во нападот, сепак тоа го решаваат. Лидер е Хени рејстад, која воодушевува со нејзината игра. Ќе се обидеме да бидеме поагресивни во одбрана“, вели Крумболц пред мечот со Норвешка.

Вкупно Крумболц има 13 медали на 26 големи натпреварувања.