Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе ја има домашната предност на двете средби со полскиот Јарослав од осминафиналето на Европскиот Куп.
Раководствата на двата клуба се договорија натпреварите да се играат во Скопје, во салата „Автокоманда“.
Првиот, на кој полскиот клуб ќе биде формално домаќин е на програмата на 13 јануари од 18:00 часот, додека реваншот е утредента исто така од 18:00 часот.
Ѓорче Петров досега ги елиминира исландскиот КА Тор и австрискиот Румс Јагс, со едно реми и три убедливи победи.
Полскиот Јарослав досега е најсериозниот ривал и ракометарките на Ѓорче Петров ќе имаат голем предизвик, но и убава шанса со двете средби дома, за прогрес во ТОП 8.