Тимот на Голден Арт продолжува со формирањето на ростерот пред стартот на новата сезона во Првата лига.
Најново засилување за составот на Никола Матлиески е левиот бек Андрија Мандиќ, кој доаѓа од тимот на Металург.
Мандиќ потекнува од Еурофарм Работник, беше дел една сезона од Пелистер, пред да се пресели во Металург РА.
Ова лето ги мина подготовките со првиот тим на Металург, но нема да заигра за тимот од Автокоманда.
Претходно Голден Арт се засили со искусните Златко Даскалоски и Ивица Илиев, а ги донесе и Есад Дрпљанин, Марио Миланов, Даниел Ацев, Никола Димитров, Стефан Колоски и Пеце Рајатоски.