Екипата на Голден Арт имаше лесно гостување во Автокоманда и оствари многу лесна и убедлива победа против екипата на Металрг РА која ја декласираше со 21:43.
Уште од самиот старт составот на Голден Арт доминираше и најави убедлива победа. Натпреварот започна со водство од 0:3 на гостите, а потоа беше и 1:8 и веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите.
До крај на првите 30 минути Металург РА имаше многу проблеми со реализацијата и веќе до полувремето имаше двоцифрена негатива. Голден Арт на паузата замина со убедливо водство од 8:21.
Во вториот дел гостинскиот тим само ја потврди доминацијата и постојано ја зголемуваше разликата за многу убедлив триумф од 22 гола разлика на крај на натпреварот.
Најефикасен во екипата на Голден Арт беше Марио Миланов со осум гола, веднаш зад него со седум погодоци беше Давид Даев, а шест постигна Никола Димитров. Во составот на Металург РА најмногу погодоци постигна Христијан Неданоски со осум гола.